Слободан Мицковиќ

/Слободан Мицковиќ
Слободан Мицковиќ 2018-08-21T17:17:46+00:00

Project Description

есеист, критичар, романсиер, преведувач. Роден е во Битола на 18 јуни 1935 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска литература. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Бил член на ДПМ.

Автор е на книгите: Размислувања (критики, 1969), Толкувања (есеи и критики, 1973), Време на песната (есеи и критики, 1983), Поетските идеи на Конески (студија, 1986), Збор и разбор (студии, есеи и критики 1990), Александар и смртта (роман, 1992), Да се убие Апостол (роман, 1994), Канал (роман, 1994), Трета генерација (есеи и критики, 1995), Ах тој Париз што ја испи реката (роман, 1995), Историја на црната љубов(роман, 1996), Промена на Бога (роман, 1998), Книжевни текови (есеи и критики, 1998), Куќата на Мазарена (роман, 1999, 2000, 2002).

Добитник на наградите: „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, прва награда на издавачката куќа „Зумпрес“, роман на годината на „Утрински весник“, за Куќата на Мазарена.

Почина во Скопје, на 21 мај, 2002.

Related Articles