Сашко Насев

/Сашко Насев
Сашко Насев 2018-08-21T17:17:52+00:00

Project Description

Сашко Насев (1966), писател, дипломирал Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, и драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, бил на специјализација во САД; син на Насе Насев, тренер на најуспешната македонска репрезентација (борење слободен стил); уредник на културната рубрика на весникот „Студентски збор“, соработник на Македонската телевизија; еден од најплодните млади македонски писатели: драма Трилогија (1987), роман Божилак Никогов (1990), драма Пречистување (изведена во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, 1990), драма Чија си (изведена во Драмскиот театар во Скопје; изд. Дом на младите, Скопје 1991; преведена во списанието „Сцена“, Нови Сад 1991), драматизација Женски оркестар (1991), драма Грев, или Шприцер (изведена во Драмскиот театар во Скопје; изд. Магазин 21, Скопје 1992), фарса Спиро Царо (изведена како специјална премиера на фестивалот МОТ, Скопје 1992), драматизација Женски оркестар II (1992), драма Либрето Вагнер (изведена во Народниот театар во Битола, 1993), текст Црниот ден и жешките костени во книгата на десет врвни млади македонски интелектуалци “La jeune Macédoine” (1993), телевизиска серија Бумбари (Македонска телевизија, 1994), драма Харем (се подготвува за изведба во Драмскиот театар во Скопје); автор е на филмско сценарио кое се подготвува за снимање. Драмите Чија си, Грев, или Шприцер, Женски оркестар I и II и други постигнаа вонреден успех кај публиката – играни се повеќе стотини пати во сите градови во Македонија.

Related Articles