Сафет Ахмети

/Сафет Ахмети
Сафет Ахмети 2018-08-21T17:18:24+00:00

Project Description

Сафет Ахмети е роден 1967, во Макарска, Р. Хрватска. Тековно ги истражува врските помеѓу современата уметност и антропологијата за неговата докторска дисертација. Од 2003 до 2008 на Југоисточно европскиот универзитет во Тетово, ги предаваше предметите „Визуелна култура“, „Вовед во модерна уметност“ и „Култура и комуникации“. Во мај 2011 го формираше Центарот за визуелни студии-Скопје (ЦВС) како подружница на Загрепската организација. Како раководител на филијалата неговите активности се насочени кон развивање и раководење на програмата и интересите на ЦВС. Центарот е препознаен како значаен партнер во изградбата на меѓународната, како и на европската мрежа за студии на визуелната култура. ЦВС-Скопје е дел од иницијативата Мрежа за визуелна култура во Европа, од нејзиниот почеток во 2010. Сафет Ахмети, со уште неколку членови на ЦВС, земал активно учество на сите досега одржани годишни конференции на Мрежата (Лондон 2010, Барселона 2011, Трондхајм 2012, Загреб 2013), со претставување на свои текстови или со придонес во организацијата на настаните. ЦВС-Скопје е дел и од Меѓународната асоцијација за визуелна култура. На Првата биенална конференција на оваа Асоцијација, одржана во Њујорк 2012, Сафет Ахмети раководеше со сесијата Интердисциплинарноста во/како визуелна култура. Негови текстови се објавени како поглавја од книги, предговори за каталози и во списанија.

Related Articles