Саргон Булус

/Саргон Булус
Саргон Булус 2018-08-21T17:17:51+00:00

Project Description

Саргон Булус е роден 1944 год. Во 1956 година, неговото семејство се преселува во Киркук, каде ја започнува својата работа како поет и преведувач на поезијата од англиското говорно подрачје. По неколку години поминати во Багдад, тој конечно го напушта Ирак во 1967 година. Почнува со објавување поезија и куси раскази во списанието на Јусуф Ал-Кал и Адонис во Бејрут. Идни станици се Париз, Лондон и Сан Франциско, како сегашно живеалиште. Покрај тоа што пишува поезија и раскази, Саргон е добро познат и како преведувач од и на англиски јазик. Тој веќе има преведено автори како Езра Паунд, Шекспир, Ален Гинзберг, Силвија Плат, Роберт Данкан и многу други поети, меѓу кои и Рилке, Неруда, Васко Попа и Хо Ши Мин.

Related Articles

Автор