Рут Софија Падел

/Рут Софија Падел
Рут Софија Падел 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

Рут Софија Падел (1946) е британска поетеса, романсиерка и есеистка, позната и по своите критички текстови за поезија, есеи за природата и поврзаност со музиката, науката и конзервацијата. Предава креативно пишување на Кралскиот колеџ Лондон. Студирала класични студии на Лејди Маргарет Хол Оксфорд, каде што пеела и во Schola Cantorum во Оксфорд, работела докторат на тема грчка поезија, а била и првата добитничка на стипендијата Bowra Research Fellow на Вадам Колеџ Оксфорд, каде внеле измени на статутите за да можат да примат жени-стипендистки. Предавала грчки на Оксфорд и на Универзитетот Биркбек во Лондон, предавала опера на Катедрата за современ грчки јазик на Универзитетот Принстон, живеела во Грција и во Париз. Нејзината кариера како авторка почнува во 1985 година со поетски памфлет. Потоа ја напуштила академската кариера за да се издржува со пишување и да ја објави својата прва збирка во 1990 година.

Related Articles