Роман на годината

//Роман на годината
Роман на годината 2018-09-20T10:25:38+00:00

Project Description

Фондација „Славко Јаневски“

Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ е формирана во ноември 2017 година од група новинари и уредници на некогашниот „Утрински весник“ со цел да се задржи традицијата на доделување на наградата „Роман на годината“, која во изминатите 18 години ја доделуваше токму сега згаснатиот „Утрински весник“. Нејзина цел беше да се задржи високиот стандард и форматот на наградата, па дури гласноста за наградениот роман да се крене на едно повисоко ниво. Во таа смисла, досега се организираа промоции на наградениот роман во повеќе македонски градови, а ќе продолжиме и натаму да се афирмира.

Уште во самите почетоци на Фондацијата во еден неврзан разговор со Јана Јаневска Терзиоска, ќерка на Славко Јаневски, основачите решија да го земат името на овој бард на македонската култура, со што се наметна една посебна тежина и одговорност во нејзината работа. Во таа смисла, Фондацијата, покрај организирање и доделување на наградата „Роман на годината“, си зацрта низа проекти со кои ќе се реафирмира творештвото и работата на Јаневски, а покрај тоа акцентот ќе биде ставен на едуцирање на младите на полето на уметноста и културата, а секако и на промоција на сето она што се смета за исклучителна културна вредност

Related Articles