Project Description
Ричард Гофрен докторирал Американска литература на Универзитетот Лиг во Белтехем, Пенсилванија, САД. Предавал во Лиг, како и на Алентаун колеџот во Сентрал Вали, Пенсилванија и на Универзитетот Џејмс Медисон во Харисонбург, Вирџинија. Во периодот 1997-2000 живеел и работел во Скопје, првите две години како Постар предавач на Американските студии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Направил многу книжевни преводи од македонски на англиски, а со Зоран Анчевски превел и уредил избор на македонски раскази на англиски Change of the System: Stories of Contemporary Macedonia. Сега живее и работи во Братислава, Словачка.