Ричард Гвин

/Ричард Гвин
Ричард Гвин 2018-08-21T17:18:20+00:00

Project Description

Ричард Гвин е велшки поет, романсиер и преведувач. Студирал антропологија и работел разни видови физичка работа во Лондон пред да тргне на пат што траел десет години, при што долго се задржал во Грција и Шпанија. 1980-тите години ги завршил со период на талкање што го документирал во неговиот познат мемоар, Појадокот на скитникот (2011). Докторирал во областа на лингвистиката, а моментално е раководител на програмата за креативно пишување на Универзитетот во Кардиф. Гвин е автор на неколку збирки поезија и поезија во проза, од која последната е Кафулето „Тажна жирафа“ (2010). Неговиот прв роман, Бојата на песот што бега (2005) е меѓународно признат и е преведен на повеќе јазици. Преведувал поезија и проза од неколку јужноамерикански автори, а објавува и критики на јужноамериканска и шпанска проза.

Официјалниот вебсајт на Ричард Гвин е www.richardgwyn.com a неговиот блог е www.richardgwyn.wordpress.com

Related Articles