Рејмонд Карвер

/Рејмонд Карвер
Рејмонд Карвер 2018-08-21T17:17:53+00:00

Project Description

Рејмонд Карвер (1939-1988), американски писател, најпознат по своите лесно читливи и заводливи раскази. Неговиот живот и тешкотиите кои постојано го следеле му пружиле најголем дел од материјалот кој го вградил во своето пишување, кое често се фокусира врз изгубените соништа, пропаднати врски и разочарување. Се смета за еден од врвните раскажувачи од англиското говорно подрачје и му се припишуваат заслуги за обнова на интересот на публиката кон оваа книжевна форма во 1980-те.

Карвер е роден во Клацкени, Орегон, во работничко семејство. Започнал да пишува во 1958, откако посетувал часови за креативно пишување во колеџот Чико во Калифорнија. Во 1963 димпломирал на колеџот Хамболт. Пред објавувањето на првата збирка раскази Стави се на мое место (Put Yourself in My Shoes, 1974), Карвер напишал две збирки поезија: Близу Кламат (Near Klamath, 1968) и Зимска несоница (Winter Insomnia, 1970).

Кон крајот на 60-те и во 70-те години на XX век, Карвер е постојано хоспитализиран, како резултат на алкохолизам. Потпирањето врз овие искуства во своето пишување му ја носи и првата слава, а многу од ликовите во неговите раскази се справуваат со проблеми поврзани со пиењето. При разработката на своите раскази, Карвер често ги преправал и по неколку пати. На пример, расказот „Бања“ е претворен во наградуваниот „Мало, добро нешто“, иако самиот Карвер ги сметал за два многу различни раскази.

Ќе замолкнеш ли, те молам, те молам?
(Will You Please Be Quiet, Please?, 1976) е првиот комерцијален успех на Карвер. Други позначајни збирки раскази му се За што зборуваме кога зборуваме за љубовта (What We Talk About When We Talk About Love, 1981), Катедрала (Cathedral, 1983) и Од кај што се јавувам (Where I’m Calling From, 1988). Во расказите од Катедрала се јавуваат елементи на надеж и искушување, што претставува забележителна промена во делото на Карвер. Последната негова книга, збирката поезија Нова патека кон водопадот (A New Path to the Waterfall) е објавена постхумно во 1989. Дел од неговата проза е собрана во Огнови (Fires, 1983). Сите ние: Собрана поезија (All of Us: The Collected Poems) е објавена во 1998.

Related Articles