Рајнер Марија Рилке

/Рајнер Марија Рилке
Рајнер Марија Рилке 2018-08-21T17:18:19+00:00

Project Description

Рајнер Марија Рилке е еден од најзначајните поети од германското говорно подрачје. Роден е на 4 декември 1875 година во Прага. Посетува трговска гимназија во Линц, а потоа студира филозофија, уметност и книжевност во Прага, Минхен и Берлин. Првата збирка песни „Постоење и песни“ излегува 1894 година.
За време на Првата светска војна Рилке живее претежно во Минхен, а од 1919 година се сели во Швајцарија. Умира во Вал-Монт во 1926 година, набргу после навршувањето на 51-та година од животот.

Дела (избор):

Поезија
1905 (збирка поезија 1899-1903) Часослов
1906 (преработена збирка поезија) Книга на слики
1907 Нови песни
1927 Дуински Елегии
1927 Сонети за Орфеј

Проза / лирска проза
1906 Песна за животот и смртта на заставникот Кристоф Рилке
1910 Записите на Малте Лауридс Бриге

Related Articles