П.Х. Лиота

/П.Х. Лиота
П.Х. Лиота 2018-08-21T17:17:52+00:00

Project Description

Др. П. Х. Лиота е претседател на Катедрата за Економска географија и Национална безбедност Џером И. Ливај, при Поморскиот колеџ на САД. Живеел и интезивно патувал низ поранешниот Советски Сојуз, Европа и Балканскиот Полуостров, како и низ Централна и Јужна Азија (вклучувајќи го и Иран). Номиниран е за Пулицерова награда, добитник е на Националната стипендија за литература, Фулбрајтова стипендија во Југославија, како и на наградата на Меѓународниот тримесечник Crossing Boundaries. Неговите дела се преведени на арапски, босански, бугарски, грчки, италијански, јапонски, македонски, португалски, руски, српско-хрватски, турски, француски, хинду и шпански. Како автор е на 14 книги и на повеќе од 300 написи, член е на советодавниот одбор на Estudios de Defensa del Instituto de Ciencia Política de la Pontificia Universidad Católica, Сантијаго де Чиле, како и на Research Institute for European and American Studies, во Атина, Грција. Понови наслови се Урнатините на Атина: Балкански мемоари и Волк пред вратата: Поетски циклус на Богомил Ѓузел преведен од македонски. Во подготовка се книгите Крик, замислена земја: легитимноста и судбината на Македонија и Несигурна сигурност: Човековата сигурност, промена во околината, и идниот Евро-Медитеран.

Related Articles