Петар Т. Бошковски

/Петар Т. Бошковски
Петар Т. Бошковски 2018-08-21T17:17:45+00:00

Project Description

поет, романсиер, есеист, критичар, драмски автор, преведувач, антологичар. Роден е во с. Острилци, Крушевско, на 9 јануари 1936 година. Студирал право. Работел како новинар и уредник на Македонското радио. Бил претседател на Советот на „Рациновите средби“ и на СВП. Долгогодишен уредник и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1963 година.
Автор е на книгите: Суводолица (поезија, 1962), Постела од трње (поезија, 1970), Огледи и критики (1978), Небесен камен (поезија, 1985), Критички одзиви (критики, 1986), Бел ветер (поезија, 1991), Прелеста на проѕирноста (критики, 1993), Вториот источен грев (поезија, 1994), Александар на исток (тв драма, 1994), Црниот бик (роман, 1995), Никаде место (роман, 1996), Лилјаци (роман, 1998). Составувач на антологиите Македонскиот роман (1972, коавтор) и Македонски раскази (1974). Објавил избор од неговото творештво во четиро тома.
Добитник на наградите: „Браќа Миладиниовци“, „13 Ноември“, Македонска книжевна фондација, „Книжевно жезло“, „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Григор Прличев“.
Почина во Скопје, во 2006 година.

Related Articles