ОПА

/ОПА
ОПА 2018-08-21T17:18:27+00:00

Project Description

ОПА (Опсесивно посесивна агресија)

ОПА (Опсесивно посесивна агресија) е формирана во 2001 година од ликовните уметници Слободанка Стевческа (*1971, Скопје) и Денис Сарагиновски (*1971, Скопје). Двајцата студирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Работат на границите на ликовната, уметноста на новите медиуми и перформансот. ОПА, до сега, има самостојно изложувано во Македонија, Естонија, Словенија, Хрватска, Франција, Германија, САД и Холандија. Има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали како Трансмедиале, Берлин; Трансеуропа – Европски театарски и перформанс фестивал, Хилдесхајм; Freewaves – Биенале на нови медиуми, Лос Анџелес; Биенале на современи уметности, Москва; итн. Има остварено резиденцијални престои во Франција, Естонија, Германија, Швајцарија и Холандија. ОПА е добитник на Наградата за интердисциплинарност „Драгиша Наневски” на АКТО Фестивалот за современи уметности во Битола (2010) и на Годишната награда за млад ликовен уметник ДЕНЕС (2004). Од 2012, ОПА е со-основач на иницијативата Кооперација. / www.o-p-a.org

Related Articles