Наум Пановски

/Наум Пановски
Наум Пановски 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Наум Пановски е театарски режисер и драматург. Исто така, тој е професор по глума, режија, теорија, и критика. Како режисер и драматург, работел на повеќе од педесет претстави во продукција на професионални театри во земјите од поранешна Југославија, Европа и САД.
Објавил голем број текстови во различни публикации, учествувал на панели и симпозиуми, и членувал во одбори и во други раководни уметнички структури. Автор е на две книги: Театарот како оружје (Култура, Скопје, 1991) во која истражува разни аспекти на театарските структури и нивниот однос со општеството; Режија Поиезис (Питер Ланг, Њу Јорк, 1993) во која ја истражува уметноста на режијата од теоретска, естетскa и практична гледна точка.
Во моментов, e директор на програмата за пост дипломски студии од областа на театарската уметност во општеството при колеџот Род Ајленд во Провиденс, Род Ајленд, САД.

Повеќе информации: http://www.naumpanovski.net

Related Articles