Миљенко Јерговиќ

/Миљенко Јерговиќ
Миљенко Јерговиќ 2018-08-21T17:17:56+00:00

Project Description

Миљенко Јерговиќ, прозаист, поет, критичар, публицист, роден е на 28 мај 1966 во Сараево, каде што дипломирал на Филозофскиот факултет. Уредувал неколку младински весници и списанија. Од 1993 живее во Загреб. Неговите книжевни текстови, филмските, рок и стрип критиките ги објавуваат разни списанија. Преведен е на англиски, германски, италијански, француски, турски, шпански и македонски јазик. Добитник е на многу хрватски и странски награди.
Објавени дела: Опсерваторија Варшава, поезија, 1998; Учи ли ноќва некој во градов јапонски, поезија, 1990; Химел командо, поезија, двојазично издание на англиски и хрватски, 1992; Преку смрзнатиот мост, поезија, 1996; Сараевско Марлборо, раскази, 1994, 1995, 1996, 1997, 1999; Каривани, 1995, 1999; Наци бонтон, 1998; Мама Леоне, раскази, 1999, 2003; Велиш ангел, драма, 2000; Историска читанка, 2000; Домарот Шулц, поезија, 2001; Бјуик Ривера, роман, 2002; Ореови дворци, 2003; Рабија и седумте ангели, раскази, 2004; Историска читанка II, 2004.

Related Articles