Мишел Екем де Монтењ

/Мишел Екем де Монтењ
Мишел Екем де Монтењ 2018-08-21T17:18:22+00:00

Project Description

Мишел Екем де Монтењ (28 февруари 1533 – 13 септември 1592)
Еден од најзначајните писатели на француската ренесанса. Најголемиот дел од животот го поминал повлечен, во својот замок, каде што се посветил на студии и размислување. Монтењ го популаризира жанрот на книжевниот есеј со тоа што успева да направи спој од сериозна интелектуална содржина и обични анегдоти или автобиографски елементи. Томовите „Есеи“ (Essais = „Обиди“) содржат едни од највлијателните есеи некогаш напишани. Монтењ имал огромно влијание на мноштво светски автори, вклучувајќи ги Рене Декарт, Блез Паскал, Жан Жак Русо, Ралф Валдо Емерсон, Фридрих Ниче, Исак Асимов, но и на подоцнежните дела на Вилијам Шекспир.

Related Articles