Михал Бабјак

/Михал Бабјак
Михал Бабјак 2018-08-21T17:18:03+00:00

Project Description

Михал Бабјак (1961) – претставник на Словаците родени во Војводина, Србија. Завршил студии по словакистика на Филозофскиот факултет во Нови Сад, а постдипломски студии на Катедрата за југословенски книжевности и светска книжевност на истиот факултет. Во периодот од 1986 до 1991 година работел како асистент на Катедрата за словакистика во Нови Сад. По избувнувањето на војните во поранешна Југославија се преселува во Словачка, каде што и денес работи – како доцент на Катедрата за естетика на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава. Работи и како интерен драматург во Братиславскиот куклен театар, а активен е и во областа на оперната режија. Автор е на книгите: Три сценарија (1997) и Литературата и контекстот (1999).

Related Articles