Мирана Ликар Бајжељ

/Мирана Ликар Бајжељ
Мирана Ликар Бајжељ 2018-08-21T17:18:25+00:00

Project Description

Мирана Ликар Бајжељ (1961) студирала на Факултетот за уметност во Љубљана и дипломирала на катедрата за Словенечки јазик и книжевност. Почнала да пишува релативно доцна.
Добила бројни награди за своите куси раскази. Првата ја добила во 2006-та, на конкурсот на списанието „Она“, по што во 2007 г. следела и наградата на Фестивалот за млада литература Уршка.
Нејзината прва збирка раскази „Саботни приказни“ е објавена во 2009. Збирката е номинирана за престижната словенечка награда за расказ, Фабула, како и за дебитантска книга проза на Саемот на книга во Љубљана.
Во 2010 г. ги добила наградите и од жирито и од публиката на натпреварот на е-списанието Air Beletrina. Во 2012 година, писателот и уредник Александар Хемон го избрал нејзиниот расказ „Надиното шамиче“ за идното издание на престижната антологија на Најдобра европска проза. Истата година, овој и други раскази се објавени во нејзината втора збирка раскази „Седум збора“.
Живее во Љубљана, работи како наставничка по словенечки јазик и книжевност.

Related Articles