Мима Симиќ

/Мима Симиќ
Мима Симиќ 2018-08-21T17:18:01+00:00

Project Description

Мима Симиќ, родена 1976 година, дипломирала на Филозофскиот факултет во Загреб со диплома по компаративна книжевност и англиски јазик и книжевност, а магистрирала родови студии на Централно-Европскиот Универзитет (CEU) во Будимпешта. Таа е писателка, преведувачка, како и културна, родова и филмска теоретичарка. Досега таа има објавено една збирка раскази „Авантурите на Глорија Скот“ (AGM, Загреб, 2005) а голем број од нејзините раскази се објавени во хрватски и меѓународни книжевни списанија, и биле вклучени во повеќе хрватски и меѓународни антологии, како „Екран приказни“, „Бизарни приказни“, „Најдобрите хрватски раскази од 2005 година“, „На третиот пазар“ – антологија на новите кратки раскази од БиХ, Хрватска, Србија и Црна Гора истовремено преведени на англиски, германски, полски и словенечки јазик. Член е на уредувачкиот тим на Sextures, електронско-списание за сексуалност, култура и политика, и на редакцијата на Ekviva – регионален женски веб портал. Има преведено неколку книги на хрватски и на англиски јазик и редовно преведува проза и теорија. Како новинар, културен и филмски критичар пишува за разни хрватски и меѓународни публикации. Во 2008 година е прогласена за најдобар хрватски филмски критичар.

Related Articles