Мелина Камериќ

/Мелина Камериќ
Мелина Камериќ 2018-08-21T17:18:19+00:00

Project Description

Родена 1972 г. во Сараево, каде во 1993 г. завршила студии по Светска книжевност. За време на војната се ангажирала во разни хуманитарни организации, а како асистент придружувала и многу новинарски и телевизиски екипи од целиот свет. Од 1997 до 2008 г. работи во Британската амбасада во Сараево, преку која успешно завршува повеќе образовни курсеви за маркетинг и работа со јавност. Од 2008 г. пишува колумни и статии за повеќе списанија (Азра, студиолисица) како и за Радио Сараево, работи во тимовите на неколку филмски продукциски фирми и за Филмскиот фестивал Сараево, каде до денес е задолжена за врските со странските клиенти. Пишува кратка проза и раскази. Живее и работи во Сараево.

Збирката раскази „Чевли за доделување Оскар“ првпат е објавена кај Buybook, Сараево, во 2009 г.; истата и следната година книгата има по уште едно издание. Во 2013 година е објавена во Киев, во превод на украински, и во Скопје, во превод на македонски.

Related Articles