Маја Апостолоска

/Маја Апостолоска
Маја Апостолоска 2018-08-21T17:17:56+00:00

Project Description

Маја Апостолоска е родена на 07.12.1976 година. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје, каде моментално е на постдипломски студии на Катедрата по македонски јазик. Авторка е на стихозбирките: Заиграј, веќе, мастилаво! (2000) и Прекин на комуникацијата (2004). Со Ј.Т. Етернијан го имаат приредено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви, кој излезе како тематски број на списанието Стремеж (11-12) во 2000 година. Во периодиката објавува поезија, книжевни критики и препеви.

Related Articles