Мартин Палух

/Мартин Палух
Мартин Палух 2018-08-21T17:18:01+00:00

Project Description

Мартин Палух (1977) – завршил студии по филмска и телевизиска наука во 2001 година, а докторатот го одбранил во 2005 година на Високата школа за музички уметности во Братислава. Во периодот од 2002 до 2005 година работел како стручен асистент и секретар на Катедрата за филмска наука на Високата школа за музички уметности во Братислава. Од 2002 година па сè до денес е научен кадар во Кабинетот за театар и филм при Словачката академија на науките во Братислава. Исто така, од 2006 година па до денес, работи како стручен асистент на Факултетот за драмски уметности на Уметничката академија во Банска Бистрица. Се занимава со истражување на теоријата и историјата на филмот, фотографијата и мас-медиумите. Од 2003 до 2006 година беше член на редакцијата на списанието за современа уметност Влна (www.vlna.sk), а во 2006 година исто така и координатор на филмскиот дел од Меѓународниот поетски фестивал Арспоетика во Братислава.

Related Articles