Project Description
Марта Маркоска е родена на 29.06.1981 година, во Скопје.
Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала на Интердисциплинираните Културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска литература во Скопје.
Маркоска е член на Друштвото на писателите на Македонија и досега има дванаесет авторски публикации:
- Херојска / Еротска книга (H/ERO/T/IC BOOK еротска поезија, Матица, 2019)
- Фил(м)увани приказ(н)и, научни студии и есеи (Евро-Балкан-Скопје, 2017)
- Црне рупе у нама, препев на српски на книгата песни Црни дупки во нас (Граматик, Белград, 2017)
- Црни дупки во нас, песни (II издание, македонска-англиска верзија, награда “Тодор Чаловски”, 2015)
- Црни дупки во нас, песни (награда “Бели мугри”, 2014)
- Култура и меморија (културолошки студии), Матица, 2014
- Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла), научна студија, Матица, 2013
- Стрмоглаво кон височините, песни (II издание, Магор, 2013)
- Стрмоглаво кон височините, песни (награда “Ацо Караманов”, 2012),
- Хипер Хипотези, есеи (Институт за македонска литература, 2011),
- Вител во Витлеем, раскази (Темплум, 2010) и
- Сите притоки се слеваат во моето корито, песни (Темплум, 2009)
Маркоска е добитничка на наградите: Прва награда за најдобар расказ на конкурсот Електролит (Темплум / Маргина) за расказот Што се случува кога го читате Фрејзер (2007), награда Ацо Караманов (2012) за поетскиот ракопис Стрмоглаво кон височините; награда Бели Мугри (2014), за поетскиот ракопис Црни дупки во нас, награда Тодор Чаловски за поезија, есеистика, критика и креативни прозни форми, 2015 (прв лауреат); награда за краток расказ на Нова Македонија, за расказот Височините на Феликс (2015).
Нејзиното творештво е застапено во повеќе домашни и странски антологии на современата поезија и проза, а таа е составувач на Антологијата на љубовна и еротска лирика насловена Гребени на љубовните пловидби (2014).
Маркоска беше пионир во лансирањето на првото талк-шоу (talk-show) во Скопје, посветено на сите познати македонски поети, наречено “Книжевни магнитуди”.