Луција Ступица

/Луција Ступица
Луција Ступица 2018-08-21T17:18:00+00:00

Project Description

Луција Ступица е поетеса, родена во Шмарје при Јелшах, а живее и работи во Љубљана. Освен со поезија, се занимава и со уредување на внатрешни простори, пишување статии за архитектура и дизајн. За својот првенец Чело на сонце (2001) ја добила наградата на 17-от словенски книжевен саем за најдобар првенец и наградата „Златна птица“. Потоа ги објавила книгите поезија Ветролов (2004) и Островот, градот и другите (2008).
Застапена е во антологиите Ten Slovenian Poets of the Nineties (2002), Vsaka ljubezen je pesem (2004), антологијата на младата словенечка поезија 1990-2003 Ние ќе се вратиме вечер (2004), во книгата U jantaru vremena по избор на Јосип Ости, италијанската антологија Decametron и германската антологија Geburt eines Engels. Избори од нејзината поезија се објавени во превод на хрватски (Pulsiranje, 2006), српски (Čelo na suncu, 2008), и шведски (När avtrycken vaknar, 2009).
Песните ѝ се преведувани на германски, англиски, шведски, фински, италијански, полски, шпански, холандски и македонски.
Во 2004 година, со пријатели го основа поетскиот фестивал Прангер, кој и денес го води.

Related Articles