Лоренс Стерн

/Лоренс Стерн
Лоренс Стерн 2018-08-21T17:18:21+00:00

Project Description

Лоренс Стерн (24 ноември 1713 – 18 март 1768) е англо-ирски романсиер и англикански свештеник. Најпознат е по своите романи Животот и мислењата на благородниот господин Тристрам Шенди и Сентиментално патување низ Франција и Италија. Првата деценија од животот, Стерн ја минал во постојано селење од едно место на друго бидејќи татко му бил распоредуван на различни места во Ирска.
Својот талент за пишување го открил на 46-годишна возраст, кога својата парохија каде претходно бил свештеник, ја предал на капеланот и се предал на хумористичното пишување. Додека живеел на село, не успевајќи да заработи доволно како земјоделец, и додека се борел со туберкулозата, Стерн почнал да работи на Тристрам Шенди, чии први томови се објавени во 1759 година. Го пишувал овој свој познат комичен роман во текот на годината кога мајка му умрела, жена му и ќерка му биле сериозно болни.
Првата, многу сатирична верзија ја одбил лондонскиот издавач Роберт Додсли, токму кога личниот живот на Стерн бил во најголема криза. Мајка му и чичко му починале. Жена му доживеала нервен слом и се заканила дека ќе се самоубие. Објавувањето на малку посмекнатата верзија Тристрам Шенди му донело на Стерн слава во Лондон и низ Европа.

Related Articles