Кристофер Троган

/Кристофер Троган
Кристофер Троган 2018-08-21T17:18:21+00:00

Project Description

Д-р Кристофер Троган е вонреден професор по англиски на американската академија Merchant Marine во Кинг Поинт, Њујорк и лектор на Школата за индивидуализирано учење Галатин при универзитетот New York University. Д-р Троган дипломирал и магистрирал филозофија на универзитетот Колумбија, а има добиено магистратура и докторат по компаративна книжевност од Школата за постдипломски студии и Универзитетскиот центар на City University of New York. Областите на истражување и објавување на д-р Троган се фокусираат на односот меѓу етиката и естетиката, особено во германската литература од деветнаесеттиот век. Има објавено неколку есеи во оваа област, меѓу кои „Парадоксот на фикциското верување и неговите морални импликации“ и „Чувства и прозни дела: истражување на емоцијата и верувањето“, а исто така бил претседавач на панели на неколку меѓународни конференции. Во моментов работи на книга со наслов „Неразрешливата дилема: изучувања на наративното самоубиство“. Предава курсеви по компаративна книжевност, филозофија (етика и естетика) и филм.

Related Articles