Кристина Николовска

/Кристина Николовска
Кристина Николовска 2018-08-21T17:17:59+00:00

Project Description

Кристина Николовска е писател, поет, теоретичар на литература, литературен критичар, есеист, антологичар, препејувач и универзитетски професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде е вонреден професор по Теорија на литература, на Катедрата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Автор е на девет книги: Десимфонија, 1988 (поезија), Мугроносна, 1989 (поезија), Метафора на припадност, 1999 (теорија на литература), Организација на тишината, 2000 (литературна критика), Глаголска метафора, 2004 (теорија на литература), Филозофемски мрежи, 2004 (литературна критика), Тишината меѓу два збора (Ars Poetica) / Silence between two words (Asr Poetica), 2005 (тематски избор), Внатрешен молк, 2006 (есеистика) и Харизма, 2006 (есеистички, културолошки дијалози).
Била визитинг-професор во неколку европски земји, како Белгија, Словенија итн. Била секретар за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија. На јавноста ѝ е позната како промотор и беседник на бројни литературни и културни настани.
Николовска е автор, сценарист и водител на антологискиот ТВ-серијал Разговорница, циклус емисии од областа на културата и уметноста, кој содржи разговори со еминентни македонски автори и уметници.

Кристина Николовска била уредник на Блесок Критика.

Related Articles