Иман Мерсал

/Иман Мерсал
Иман Мерсал 2018-08-21T17:18:18+00:00

Project Description

Иман Мерсал е авторка на четири поетски збирки на арапски јазик. Пред да замине за САД, била уредник на списанијата за култура и литература Бинт ал Ард и Адаб ва Накд во Египет. Мерсал се преселила во Бостон, САД во 1998 год., а потоа во Едмонтон, Алберта, Канада каде што работи како асистент по арапска книжевност на Унивезитетот во Алберта. Препеви на нејзината поезија се објавени во Париз Ривју, Американ Поетру Ривју, Кенјон Ривју и Мичиген Квотерли Ривју. Избрани песни од Мерсал се објавени на повеќе светски јазици, меѓу другите и на англиски, француски, германски, шпански, холандски и италијански. Изборот од поезијата на Мерсал „Ова не се портокали, љубов моја“ во препев на англиски јазик на Халед Матава излезе во издавачката куќа Шип Медоу, Њујорк во 2008 год.

Related Articles