Иван Џепароски

/Иван Џепароски
Иван Џепароски 2018-08-21T17:18:17+00:00

Project Description

Иван (Ивица) Џепароски (р. 1958, Скопје, Република Македонија) е филозоф, теоретичар на културата, поет и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал. Автор е на дванаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија и на пет поетски книги за кои ги има добиено наградите: „Млад Борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993) и „Парадигма“ (2009). Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Теории на културата. Бил и раководител на Институтот по филозофија (2004-2009) и секретар на Македонскиот П.Е.Н. Центар (1999-2001; 2009- ). Се јавува и како преведувач (В. Блејк, Џ. Џојс, Ј. Бродски, Д. Хјум, Е. Берк) и антологичар. Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Неговата поезија и некои од неговите есеи преведени се на повеке јазици во светот.
Филозофски дела
: Арго плови по Аксиј, Скопје: Мисла, 1984; Во потрага по загубениот тоталитет, Скопје: Култура, 1993; Уметничкото дело, Скопје: Култура, 1998; Отаде системот, Скопје: Култура, 2000; Филозофски приказни, Скопје: Магор, 2001; Младите, сакралното и уметноста (ко-автор), Скопје: Темплум, 2003; Естетика на играта (прир.) Скопје: Култура, 2003; Убавина и уметност (прир.) Скопје: Магор, 2005; Аспекти на другоста (прир.) Скопје: Менора-Евро Балкан Пресс, 2007; Естетика на возвишеното, Скопје: Магор, 2008; Македонскиот есеј (прир.), Битола: Микена, 2008. Уметничкото дело (второ издание), Скопје: Магор, 2009. Став и суштина, Скопје: Дијалог, 2010.
Поетски дела
: Слики од изложбата, Скопје: Наша книга, 1989; Еклоги, Скопје: Македонска книга, 1992; Песни, Скопје: Детска радост, 1998; Волја за мисла, Битола: Микена, 2008; Грабнувањето на Европа, Скопје: Дијалог, 2012.
Поетски антологии:
Убави зборови, Скопје: Култура, 1993; Антологија на солзите, Скопје: МакеДокс, 2012.

Related Articles