Иван Купец

/Иван Купец
Иван Купец 2018-08-21T17:18:01+00:00

Project Description

Иван Купец (1922-1977) – поет, есеист, преведувач и редактор. За време на т. н. период на нормализација не можел да објавува свои текстови. Неговата прва поетска збирка Според ѕвездите да се менува маската (1940) е продуховена со принципите на надреалистичката поетика, а авторот ја издал под своето првично име Иван Кунош (името го променил во 1941 година). Во збирката По низините, по висините (1955), Купец отстапува од надреалистичката поетика и преминува во поедноставување на поетскиот поглед со акцент врз општествените врски. Стихозбирката Школка (1961) донесува песни за љубовта, како и за местото на човекот во вителот на историјата. Збирката Соблекување од гневовите (1965) ги претставува првенствено личните негативни доживелици од тоталитаристичкиот период на 50-тите години. Други поважни поетски збирки: Час со ангелот (1968), Играта на сенките (1988) и Книгата на сенките (1990), која содржи песни од периодот кога авторот не можел јавно да ги публикува своите песни.

Related Articles