Зоран Богнар

/Зоран Богнар
Зоран Богнар 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Зоран Богнар, поет, есеист, прозаист, книжевен критичар и антологичар, роден е 1965 година во Вуковар. Објавил два романи: Ноќ на празните раце (1989) и Будна состојба на сонот (1993); неколку книги поезија: Блуз за шаховската табла (1986), Земјата господари со ПОДземјето (1987), Психо-стриптиз (1988), Трговци на биоритамот (1990), Лудилото на Флојд Бертолд (1991), Мирисот на пластичното цвеќе (1992), Ако мртвите еден ден се вратат (1993), Јужната страна на истокот (1993), Анонимна бесмртност (1994), Новиот потоп (1996), Новата Ноева арка (1997), Новиот човек (1999), Елисејска трилогија (2000), Албедо (2002), Аура (2003) и Алхемија (2005); како и три книги поетичко-феноменолошки микроесеи: Фотографии на гласовите (1997), Ејдетски слики (1998) и Фотографии на гласовите II (2002). Ја приредил и антологијата на српскиот микроесеј на XX век Течен кристал (2006).
Во 2006 од печат се појави и неговата прва збирка на македонски јазик Соѕвездија под кожата, во превод на Петре Бакевски.
Поезијата на Зоран Богнар е преведувана на италијански, француски, англиски, унгарски, германски, словенечки, грчки, македонски, шпански, турски, бугарски, холандски, фризиски и ерменски јазик.
Добитник е на многу домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и наградите „Vanelli“ (Италија, 1999), „Mediterranean Lion“ (Црна Гора, 1998) и „Hubert Burda“ (Германија, 1999).
Живее и работи во Белград.

Related Articles