Звездан Георгиевски

/Звездан Георгиевски
Звездан Георгиевски 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

Роден 1961 година во Јесенице, сегашна Република Словенија. Интердисциплинарни студии по новинарство завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ 1983 година, кога и се вработува во Редакција „Нова Македонија“, каде што главно работи како новинар и уредник во културната рубрика. Од 1991 година поминува во неделникот „Пулс“, каде што е уредник од првиот број па речиси до самиот крај на овој магазин. Од 1999 поминува во „Утрински весник“, каде што е уредник на културната рубрика од првиот број, па сѐ до 2007 година, кога поминува како уредник за култура во штотуку формираниот неделник „Глобус“, каде што останува сè до неговото гасење во 2011 година. Еден е од основачите на првото приватно радио во Македонија „Канал 4“, како и на наградата „Роман на годината на Утрински весник“. Уредил повеќе публицистички книги, литературни дела и зборници. Превел десетина книги, главно од некогашните југословенски јазици.
Од 2011 година е невработен, а од 2013 е редовен пријавувач во Агенцијата за вработување на РМ. Книгата „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ е негов прв обид во литературата и прв втор почеток во неговиот живот.

Related Articles