Емилија Матаничкова

/Емилија Матаничкова
Емилија Матаничкова 2018-08-21T17:17:51+00:00

Project Description

Емилија Матаничкова (1978) е на постдопломски студии по театрологија, на Факултет за драмски уметности, Скопје. Заврши на Филолошки факултет како дипломиран професор и филолог по македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик.
Пишува поезија и некои песни се објавени во „Алманах“ и во „Лоза“, весник на/од студентите на Филолошки факултет. Во „Урбан магазин“ има објавено текстови за музика и театар. Соработува со „Кумановски булевар“. Од 2000-та е редовен соработник во „Студентски збор“ со рецензии за поезија, проза и посебно за драма и театар.

Емилија Матаничкова била уредник на Блесок Театар.

Related Articles