Елизабет Бишоп

/Елизабет Бишоп
Елизабет Бишоп 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Елизабет Бишоп (САД, 1911-1979) – американска поетеса чија поезија често го отсликува нејзиниот номадски живот (патувала низ Европа и Америка, живеела 15 години во Бразил). Покрај извонредните метафори и необичните пејзажи доловени со око на буден набљудувач, Бишоп во својата поезија се осврнува и на загубата, отуѓеноста, осаменоста, и изолираноста. Крајно самокритична, објавувала ретко, па вкупниот број на песни што ги објавила за време на нејзиниот живот бил одвај стотина. Сепак, поради оригиналноста, брилијантната поетска техника и восхитувачката формална разноликост на нејзините песни, Бишоп се вбројува меѓу најзначајните американски поети на XX век. Предавала на Харвард, а меѓу нејзините збирки поезија се: Север и југ (1946), Прашања на патување (1965), Географија III (1976) и Собрани песни: 1927-1979, издадена постхумно во 1983. Песните преведени овде се извадени од Собрани песни (Farrar, Straus & Giroux, 1983), освен „Чудесно е што се будиме заедно…“, објавена во Едгар Алан По и џубоксот (Farrar, Straus & Giroux, 2006).

Related Articles