Елена Дамјаноска

//Елена Дамјаноска
Елена Дамјаноска 2019-10-21T07:50:24+00:00

Project Description

Елена Дамјаноска е родена на 5 јуни 1976 година во Скопје. Таа е дипломиран англист и синолог. Додипломските студии по англиски јазик и општа и компаративна книжевност ги завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Потоа, како стипендист на кинеската Влада завршува четиригодишни студии од прв циклус по кинески јазик и книжевност на Универзитетот за меѓународни студии во Пекинг, НР Кина, како и едногодишна специјализација по кинеска филозофија на Женмин Универзитеот во Пекинг.

Вработена е во Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во рамките на нејзиниот работен ангажман организира и учествува на форуми и конференции за синологија и Иницијативата „Појас – пат“. Активно се занимава со превод и толкување од кинески и англиски јазик. Таа е автор-составувач на „Основниот кинеско-македонски речник“. Исто така, ја има преведено од кинески јазик новелата „Црвен сирак“ од нобеловецот Мо Јен, како и ја приреди и преведе од кинески јазик збирката „Кинески древни сказни за деца“.

Related Articles