Д.А. Лори

/Д.А. Лори
Д.А. Лори 2023-03-14T12:38:18+00:00

Project Description

Д.А. Лори (Долорес Атанасова-Лори) е родена на 26.10.1974. во Германија. Раното детство го поминува во Германија, а потоа се сели со семејството во Охрид, каде го поминува остатокот од детството и средношколските денови. Во 1993 се сели во Скопје на студии по англиски јазик и книжевност. Оттогаш живее во Скопје, каде работи како професор по англиски јазик.

Песните на Д.А.Лори за првпат се објавени во Букбокс, по што следи соработка со издавачката куќа Блесок, за која, во 2014, ја издава својата прва збирка поезија насловена Будење во трето лице еднина. Во 2016, од печат излегува Со ветрот под рака, во издание на издавачката куќа Антолог. По пауза од три години, во 2019, излегува нејзината трета книга, Небо во кафез. Добитник е на наградата ֦Тодор Чаловски֞ за 2019 година, која награда го овозможи излегувањето од печат на нејзината четврта книга ֦Ќе фатит бран”. Во меѓувреме, нејзини песни се објавувани во поетската збирка 100.000 поети за промена и е-книгата Поетискон, како и на страната на Словокулт, онлајн магазин за уметност и литература, и Fixpoetry, германска платформа за литература на интернет. Поезијата на Д.А.Лори е исто така објавена во монографијата на Астални проекции, како и во најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, Современост.

Долорес Атанасова-Лори е добитник на интернационалната награда на Антево Слово, која за првпат беше доделена во 2017 во склоп на италијанската поетска манифестација Ангело ла Векија. Во 2020 за книгата поезија „Небо во кафез“,  беше во првите пет номинирани за наградата  Браќа Миладиновци“, која се доделува за најдобра книга од едни до следни Струшки вечери на поезијата. Досега е преведена на германски, англиски, српски, хрватски, италијански и шпански.

Related Articles