Димитар Динев

/Димитар Динев
Димитар Динев 2018-08-21T17:18:18+00:00

Project Description

Димитар Динев е роден во 1968 година во Пловдив, Бугарија. Пребегнал во Австрија во 1990 година, каде работел разни работи за да врзе крај со крај. На Виенскиот универзитет дипломирал Филозофија и Руска филологија. Романсиер, есеист, драматург, сценарист, почнал да пишува на германски во 1991. Ги објавил книгите: Ангелски јазици (роман, 2003), Епиграф (раскази, 2001), Светлина над главата (раскази, 2005), Сочувство (есеи, 2010), неколку драми меѓу кои и Руска кокошка (1991), Кожа и небо (2006) и Лизгава работа, душата (2008), како и сценарио за филмот Шпанија (премиерно прикажан на Берлинското биенале во 2012). Добитник е на германската награда „Аделберт фон Шамисо“ (2005), за автори на кои германскиот не им е мајчин јазик и на бугарската театарска награда „Аскир“ (2007) за најоригинална драма. Преведен е на 15 јазици.

Related Articles