Димитар Башевски

/Димитар Башевски
Димитар Башевски 2018-08-21T17:17:45+00:00

Project Description

романсиер, поет, преведувач. Роден е во с. Ѓавато, Битолско на 27 јуни 1943 година. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Претседател не Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1969 година.
Автор е на книгите: Тугинец (роман, 1969), Враќање (роман, 1972), Раска (роман, 1974), Нема смрт додека ѕвони (роман, 1980), Една година од животот на Иван Плевнеш (роман, 1985), Куќата на животот (поезија, 1987), Сарајановскиот каранфил (роман, 1990), Дневникот на Ања (роман за деца, 1994), Привремен престој (поезија, 1995), Совладано време (поезија, 1998). Неговите дела се објавени во странство на англиски, чешки, романски, српски и албански. Застапуван во антологиите на македонската поезија и проза. Преведува од англиски.
Добитник е на наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“ и „Печалбарска повелба“.

Related Articles