Дамир Шодан

/Дамир Шодан
Дамир Шодан 2020-12-21T09:11:35+00:00

Project Description

Дамир Шодан (Сплит, 1964), поет, преведувач, драмски писател, уредник, дипломирал англиски јазик и општа историја на Филозовскиот факултет во Загреб. Ги објавил збирките поезија Гласовни промени (1996), Сроден свет (2001), Писма до дивиот Скит (2009), Кафе Аполинер (2013) и Внатрешен непријател (2018), книгите драмски текстови Заштитена зона (2002) и Ноќта на другите светла (2009), како и Од другата страна, антологија на современата хрватска „стварносна“ поезија (2010).

За драмата Заштитена зона награден е со првата награда за екс-ју драматичари во Виена (2000), а за бурлеската Chick lit со трета награда на натпреварот Марин Држиќ (2012). Драмите му се поставени во Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, во режија на Душан Јовановиќ, Тања Оручевиќ-Милетиќ и Слаѓана Вујовиќ.

Како преведувач на хрватски има преведено бројни англоамерикански поети и прозаисти, меѓи кои и Чарлс Симиќ, Рејмонд Карвер, Денис Џонсон, Чарлс Буковски, Ричард Бротиген, Леонард Коен, Френк О’Хара, Брајан Тарнер, Натали Хендл и др.

Исто така, на хрватски препеал избор од песните на палестинскиот поет Наџван Дарвиш, како и избор од лириката на кинескиот бард Џиди Маџиа, а ја уредил и избраната поезија на култниот германски поет Волф Вондрачек, како и блок од современата њујоршка поезија, Broad-Way во склоп на загребското списание Кворум, во кое повеќе од две децении е член на уредништвото. Исто така, уредник е на препеаната поезија во списанието Поезија, на Хрватското друштво на писатели (ХДП) и соработник во списанието за култура и книжевност Тема и на емисијата Поезија на глас, на третата програма на Хрватското радио, а објавува и во регионалните онлајн и печатени списанија како што се Поља, Пролетер, Плима, Астронаут, Сараевски тетратки, Блесок, Сент, Екерман, Апокалипса, Арс и др.

Поезијата до сега му е препеана на дваесетина јазици (вклучувајќи кинески, корејски, галицијски, арапски и хебрејски) и застапена е во американската антологија New European Poets (Graywolf Press), во француската Les Poètes de la Méditerranée (Gallimard) и британската World Record i A Hundred Years’ War (Bloodaxe), а книгата избрани песни под наслов Čez cesto Spinozove hiše му е објавена во Словенија (КУД Апокалипса, 2013) во препев на Јуриј Худолин.

Дамир Шодан е член на ХДП и на Хрватскиот центар на ПЕН, а учествувал на бројни меѓународни книжевни манифестации и фестивали, а како предавач гостувал на Универзитетот Колумбија и на Колеџот Сиера Невада, САД, а во период од десетина години, заедно со Предраг Луциќ, во својот роден Сплит, го уредувал сатирично-политичкиот неделник Ферал Трибјун, во кој има објавено осумдесетина наслови поезија, проза, есеистика, публицистика, мемоаристика, филозофија, епистоларна литература, како и еден автентичен далматински готвач.

Дваесет години работел како професионален преведувач за Обединетите нации во Холандија, а сега е слободен писател и книжевен преведувач. Живее во Ден Хаг, Холандија, и во Сплит.

 

Related Articles