Дамир Никшиќ

/Дамир Никшиќ
Дамир Никшиќ 2018-08-21T17:18:27+00:00

Project Description

Дамир Никшиќ (роден на 6 декември 1970) е концептуален уметник од Босна и Херцеговина. Неговото најпознато уметничко дело е седумминутното видео под наслов „Да не бев муслиман“ (2005). Дамир Никшиќ е соосновач и член (пејач) на ритам и блуз бендот „Синг Синг“. Бендот имаше четири концерти во ЦДА Младост.
Тој е исто така соосновач на ументичката група Максимум, заедно со Анур Хаџиомерспахиќ, Анела Шабиќ, Ајна Златар, Елдина Бегиќ, Дејан Векиќ, Алмир Курт, Самир Пласто, Хамдија Пашиќ, Рејчел Роснер, Небојша Шериќ, Сузана Цериќ, Алма Фазлиќ, Златан Филиповиќ. Во 1997 година, групата ја постави првата изложба „Максимум I“, Колегиум Артистикум, Сараево, по која во 1998 година следеше „Максимум II“, а во 1999-2000 „Максимум III“ во Колегиум Артистикум, Сараево; Музички центар Павароти Мостар; Босански културен центар, Тузла; Градска галерија Зеница; Градска галерија, Бихаќ.
Во 2000 година дипломира на сараевската Уметничка академија и се пресели како постдипломец во Индијана, Пенсилванија, САД. Во 2001 година се пресели во Таксон, Аризона, каде дипломира на Универзитетот во Аризона во мај 2004 година. Во 2004 година се пресели во Чикаго, Илиноис. Во 2005-2006 се пресели во Еванстон и работеше како профсор на Катедрата за уметничка теорија и пракса на Колеџот за уметности и науки во Вејнбург, Северозападен универзитет. Во 2011, протестираше поради затворањето на Уметничката галерија на Босна и Херцеговина со секојдневни видеа.

https://en.wikipedia.org/wiki/Damir_Nik

Related Articles