Гоце Смилевски

/Гоце Смилевски
Гоце Смилевски 2018-08-21T17:17:48+00:00

Project Description

Роден е во Скопје во 1975 година, се образувал на универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје (Општа и компаративна книжевност), на Карловиот универзитет во Прага (Чешки јазик и чешка литература) и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Работел како продавач на кристални предмети во Прага, како наставник по македонски јазик во Кавадарци и како составувач на предметни регистри во Скопје. За Мотивот на инцестот во „Врева и бес“ од Вилијам Фокнер и „Човек без својства“ од Роберт Мусил доделена му е наградата за есеј „Блаже Конески“ во 1998. По повод јубилејот на универзитетот во Скопје доделена му е наградата Свети Кирил и Методиј. Во 2000 година „Сигмапрес“ од Скопје го објави неговиот роман Планетата на неискуството. За романот Разговори со Спиноза (2002) ја доби наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.

Related Articles