Горан Тренчовски

/Горан Тренчовски
Горан Тренчовски 2018-08-21T17:17:49+00:00

Project Description

Горан Тренчовски (24.4.1979), режисер и писател.
Дипломирал филмска и театарска режија на Академијата за уметности во Нови Сад. Живеел и работел една година во Прага, Чешката република. Режирал повеќе телевизиски проекти од различни жанрови: Бумбари (серија во 8 епизоди), Клошари и плакати (документарец), Кречо (документарна драма) и Мултилевел (игран филм) за кој има добиено Гран При на VI Филмски фестивал во Сараево. Неговиот најнов ТВ игран филм Вампирџија е филм во кој поблиску се запознаваме со судбините на автентична плејада јунаци истргнати од балканската иконографија, живописно извајани и психолошки прикажани со сите свои добри и лоши особини. Тој исто така има театарско и радио искуство. Ги има режирано следниве претстави: Звучни слики, Словенски Орфеј, Евангелие по Јуда, Адска машина, Леонс и Лена, Духот на лименката, Од првиот здив, Питачка опера, Крај на играта; како и драми од следниве писатели: Ајсхил, Виткаци, Андрејев, Арто, Јонеско, Пинтер, Олби и Арабал.
Автор е на книгата есеи за драмските уметности Од питач до крал (1995), ги уредил монографијата Чекори по ѕвездените штици (1999) и антологијата на драмолетот Карневалски воздишки (1999) и ја превел книгата на Јиржи Менцел Вера и скепса (2000).
Орбис Пиктус
(2001) е негова втора книга, која содржи студии, есеи и огледи за драмските уметности.
Вработен е во Македонската телевизија.

Горан Тренчовски бил уредник на Блесок Театар

Related Articles