Горан Ристовски

/Горан Ристовски
Горан Ристовски 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

Горан Ристовски е визуелен уметник, графички дизајнер и ликовен педагог. Роден 1987 година во Струга, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор. До сега самостојно има изложувано во Струга, Куманово и Охрид, со циклусот на дела „end.begin“ и „ликвидирани вредности“. Работел на проекти кои се залагаат со активности за имплементирање на уметноста во повеќето сфери од социјалниот живот на младите. Неговата уметничка практика се занимава со истражување на различни медиуми и се изразува преку цртеж, слика, дигитална уметност, фотографија, инсталација, графика, улична- урбана уметност, но најчесто се работи за комбинирање на повеќе медиуми. Добитник е на втора награда за најдобар дизајн на плакат „Против цензура, за слобода на говорот“ и најдобар едноминутен филм „13“ на Скопје филм фестивал. Ристовски моментално работи како ликовен педагог во Струга, еден е oсновачите и членовите на уметничкото здружение ИНКА и Wezdensky од Струга.

BEHANCE

Related Articles