Гане Тодоровски

/Гане Тодоровски
Гане Тодоровски 2018-08-21T17:17:47+00:00

Project Description

поет, преведувач, есеист, литературен критичар и историчар, публицист. Роден е на 11 мај 1929 година во Скопје. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал на темата „Веда Словена и нејзините мистификатори“. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска литература и македонска литература – 19 век на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил претседател на ДПМ (1969-1971 и 1985/86), претседател на Советот на СВП (1970-1971) и бил одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1951 година.
Автор е на книгите: Во утрините (поезија, 1951), Тревожни звуци (поезија, 1953), Спокоен чекор (поезија, 1956), Божилак (поезија, 1960), Апотеоза на делникот (поезија, 1964), Претходниците на Мисирков (студии и огледи, 1968), Горчливи голтки непремолк (поезија, 1970), Снеубавен ден (поезија, 1974), Трактати за сонцељубивите (есеи и записи, 1974), Веда Словена (1979), Маѓепсан мегдан (литературни записи, 1979), Скопјани (поезија, 1981), Подалеку од занесот, поблизу до болот (студии, 1983), Со збор кон зборот (студии и критики, 1985), Поход кон Хеликон (студии, 1987), Неволици, неверици, несоници (поезија, 1987), Неодложни љубопитства (студии, записи и критики, 1987), Недостижна (поезија, 1995), Осамен патник (поезија на англиски, 1996). Составувач е на антологиите: Песната – храброст (1975), Австриската поезија на ХХ век (1982), и други, а како коавтор ги приредил антологиите: Словенечки поети (1956), Езерска земја (1967), Правостоина (современи поети од албанската народност во Југославија, 1968), Нова хрватска поезија (1973), Современа хрватска поезија (1981).
Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Митрев“, Наградата за книжевен опус на „Мисла“ и на преведувачките награди „Григор Прличев“, „Кирил Пејчиновиќ“ и „Златно перо“.

Related Articles