Бранко Цветкоски

/Бранко Цветкоски
Бранко Цветкоски 2018-08-21T17:17:47+00:00

Project Description

поет, литературен критичар, есеист, преведувач. Роден е на 21 јуни 1954 година во с. Слатино, Охридско. Работел како новинар во културната рубрика на весникот „Нова Македонија“. Бил главен уредник во книгоиздателството Култура од Скопје и на списанието за литература, уметност и култура Стремеж од Прилеп. Бил претседател на Советот на Рацинови средби. Сега е директор на Македонскиот народен театар во Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1984 година. Бил секретар на Македонската писателската асоцијација.
Автор е на книгите: Свијок (поезија, 1981), Високи ветрови (поезија, 1985), Пластови и глас (критики, 1989), Пресна пепел (поезија, 1990), Возбудени македонски дијалози (интервјуа, 1990), Подарена сол (избор поезија, 1991), Обетки од ѕвезди (поезија за деца, 1991), Дела и доблести (критики и есеи, 1992), Молитвен веј (поезија, 1993), Не отвора секогаш тој – зборот (тематски број на Стремеж, 1993), Небесни места (аудио касета, 1996), Критички загледувања (критики и есеи, 1996), Повисоко од животот (критики и есеи, 1997), Синори (поезија, 1998), Ноќник (избор поезија, 1998), Ек и одек (критики и есеи, 1999), Името. Родот. Имотот (поема, 2000), Скрб (поезија, 2002)
Добитник е на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.

Related Articles