Бране Мозетич

/Бране Мозетич
Бране Мозетич 2018-08-21T17:17:53+00:00

Project Description

Бране Мозетич е роден 1958 во Љубљана. Завршил Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Љубљана. Досега објавил десет поетски книги, книга кратки раскази (Пасија), роман (Ангели, преведен на хрватски и германски) и роман за рејв-сцената (Изгубена приказна). Составил три антологии и превел бројни француски автори. Застапен е во книжевни ревии во над дваесет земји во светот. Бил активен учесник во граѓанско-општествените движења, а сега работи како уредник во издавачките куќи Алеф и Ламда. Промотор е на словенечката литература во странство (при Центарот за словенечка литература). Во 2002 год. избор од неговата поезија излезе на италијански и на француски јазик. Во 2004 год. неговата поетска книга Пеперутки излезе во САД, а Избрани песни во Шпанија. За поетската книга Баналии (2003) ја доби Јенковата награда за најдобра поетска книга при Друштвото на словенечките писатели.

Related Articles

Автор