Борис Домагој Билетиќ

/Борис Домагој Билетиќ
Борис Домагој Билетиќ 2018-08-21T17:18:14+00:00

Project Description

Борис Домагој Билетиќ (Пула, 22 март 1957 г.). Поет, есеист, книжевен критичар, антологичар, публицист, полемичар, преведувач, културен работник, уредник и издавач.
Се образувал најпрвин во родниот град, а потоа дипломирал и магистрирал на денешната Катедра за кроатистика и јужнословенски филологии на Филозофскиот факултет во Загреб. Докторант е на истиот факултет. Живее и работи во Ровињ каде што е директор на Градската библиотека „Матија Влачиќ Илирик“.
Од втората половина на 1970-те во хрватската и странската периодика објавува песни, книжевни критики, огледи, студии и преводи. Застапен е во домашни и странски антологии на хрватската поезија. Одделни песни и поголеми поетски целини му се преведени на петнаесетина светски јазици. Поезијата му е повеќе пати изведувана на Третата програма на Хрватското радио. Автор е на десет книги поезија и коавтор на две графичко-поетски мапи.
Основач е и од почетокот (1996 г.) главен и одговорен уредник на пулското списание за книжевност, културолошки и општествени теми „Нова Истра“.
Добитник е на наградите: „Млада Струга 1984“ (за книгата „Гламја на молкот“), „Тин Ујевиќ“ (1997 г., „Работа на некрополата“), на австриската фондација „КултурКонтакт“ (2002 г., „Бартулско јаболко“), „Јулиј Бенешиќ“ (2008 г., „Пристрасен читател, I-II“). Одликуван е со Орденот Даница хрватска со ликот на Марко Марулиќ (1996 г.) и награден е со Медал на Градот Ровињ (1997 г.).
Избраната критичка литература за неговиот опус содржи повеќе од 60 единици.

Related Articles

Автор