Бенјамин Штајн

/Бенјамин Штајн
Бенјамин Штајн 2018-08-21T17:18:24+00:00

Project Description

Бенјамин Штајн (Benjamin Stein) е роден 1970 во (источен) Берлин под друго име. Името Бенјамин Штајн е внесено во неговиот пасош во 1988 година. Од 1982 објавува поезија и кратка проза во литературни списанија. После матурата до обединувањето на Германија во 1989 година работи како ноќен портир во дом за старци. Подоцна студира Јудаистика и Хебреистика во Берлин. 1993 година учествува на реномираниот литературен фестивал Ингеборг Бахман во Клагенфурт, Австрија.
Од 1995 година работи како новинар, коресподент и уредник во повеќе компјутерски списанија, а од 1998 како стручен советник за информациска технологија.
Од 2006 до 2008 е коиздавач на литературното списание spa_’tien’ , а од 2008 година сопственик на издавачката куќа Edition Neue Moderne. Редовно пишува на својот литературен веб-блог Turmsegler.
Бенјамин Штајн живее и работи во Минхен.

Неговата проза е особена и се одликува со силина и јасност на изразот, премин меѓу светови, сон и јаве, и продлабочени пасажи кои содржински се осврнуваат кон еврејската религија и мистика и соодветно ја внесуваат во романот.

Библиографија
„Азбуката на Јуда Лива“ (роман, 1995), „Поинакво сино“ (проза за седум гласови, роман, 2008), „Платно“ (роман во две приказни, 2010) , „Replay“ (роман, 2012), “Азбуката на рабинот Лев” (роман, детално преработен материјал од првиот роман, 2014), „Поинакво сино” (проза за седум гласови, роман, 2014)

Награди
2010 – Тукан награда за литература на автори од Минхен и Баварска награда за унапредување на уметноста (литература) за „Платно“.

Related Articles