Бенгт Берг

/Бенгт Берг
Бенгт Берг 2018-08-21T17:18:18+00:00

Project Description

Бенгт Берг е шведски поет и естраден уметник, роден 1946 год. во Торсби, Шведска. По завршувањето на средното образование во Торсби, Берг студирал на повеќе универзитети во Шведска и магистрирал филозофија со теми од литературата, историјата, скандинавските јазици и германската и социјалната антропологија, а дипломирал и за професор. Работел како новинар од областа на културата и како преведувач. Бенгт Берг дебитирал во 1974 год. со поетската збирка „Кај што сонот завршува“ и досега објавил повеќе од 30 книги. Повеќето од неговите дела се поезија, а на неколку работел заедно со повеќе уметници и фотографи. Поезијата на Бенгт Берг е препеана на скандинавските јазици како и на англиски, германски, холандски, грчки, шпански, турски, полски, руски, латвиски и хинди. Добитник е на многу награди и грантови, меѓу другите и од страна на шведската академија и на културните институции од скандинавските земји.

Related Articles