Ашер Рајх

/Ашер Рајх
Ашер Рајх 2018-08-21T17:17:56+00:00

Project Description

Ашер Рајх е роден во Ерусалим, во 1937 година. Првата збирка песни, На седмата година од моите скитања, ја објавил во 1962 и со неа го најавил своето доаѓање во современата хебрејска поезија. Една година пред тоа, ја добил наградата Ана Франк на Американско-Израелската културна фондација. Неговата втора стихозбирка Ноќно изгрејсонце (1969) е наградена со престижната награда на Израелското здружение на уметници, композитори и писатели. Следуваат збирките поезија Состојба на нештата (1975), Забелешка (1978), Женски трактат (1980), Нов пакет (1983), Содржина (1983, наградена со Берншинтовата награда на Федерацијата на израелски издавачи), Дела на хартија (1988), Фикциски факти (1993), Зимска музика (1996), Ликот на Земјата (1999) и Безживотна иднина (2003). Рајх е награден и со Наградата на израелскиот Премиер за уметност (1989), ДААД (Германска фондација, 1990), Поетската награда на Тел Авив (1992), Наградата од претседателот на Израел (2000) и Поетската награда на Базел, Швајцарија (2000). Во 1999 година е избран за член на Германската академија за поезија и уметност.
Неговата поезија е објавена на дваесет јазици, а избор од поезијата му е објавен во Франција во 1980 и во САД во 2003 година. На германски му се преведени и објавени неколку од книгите.
Освен поезија, пишува и романи и раскази.
Бил главен уредник на Мознаим, книжевен месечник на Израелското друштво на писатели. Предавал креативно пишување во разни академски институции, меѓу кои и на Универзитетот Бен Гурион во Бир Шева. Живее во Израел.

Related Articles